Албон ветува агресивна трка со старт од шесто место

Алекс Албон вели дека ќе биде агресивен од шестото место на гридот, откако блесна за време на квалификациите за Големата Награда на Белгија.

Албон допрва требаше да обезбеди настап во К3 во 2022 година и ја искористи брзината на правците на Вилијамс за да се пласира во првите 10 на Спа-Франкошамп. Британецот со тајландско потекло потоа се искачи на 9то место, но поради голем број казни за возачите пред него, тој ќе тргне од третиот ред на гридот.

Бевме самоуверени цел викенд, целевме кон К2, така што К3 е малку неочекуван, но ние сме многу среќни. ова е одличен резултат за нас – рече Албон.

Болидот беше силен, ние сè уште го учиме нашиот пакет и направивме некои промени од Т3 што му помогнаа на болидот во квалификациите.

Знаеме дека нашиот болид сака мала потисна сила и кога условите на патеката се на место кое ни одговара, можеме да извлечеме добро време по круг. Бевме на 9то место со чисто темпо.

Се чинеше дека сите имаа чиста патека денес и бевме само неколку десетинки зад Мерцедес, па тоа покажува дека во одредени ситуации навистина можеме да го максимизираме она што го имаме.

Со казните пред нас почнуваме шести и затоа мора да се обидеме да се задржиме таму, а можеби дури и да претекнеме на стартот.

Имаме болид кој на хартија, би требало да биде тешко да се престигне бидејќи сме брзи на правците, но исто така не е патека како Монако каде што е лесно да се задржат луѓето зад себе, па утре ќе биде агресивна трка.

Тимскиот колега од Вилијамс, Николас Латифи, ќе стартува од 11то место на гридот откако квалификациите ги заврши со 16то време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ