Хамилтон: Се врати големиот проблем на Мерцедес

Колкав проблем имаат Сребрените Стрели што ги спречува да напредуваат?

Луис Хамилтон се пожали поради враќањето на проблемите со потскокнувањето на Мерцедес за време на Големата Награда на Белгија.

Проблемот, кој го мачеше тимот во текот на минатата сезона, беше во голема мера ублажен за оваа сезона по промената на дизајнерската филозофија со нивната надградба испорачана на Големата Награда на Монако.

Но, проблемот се врати за Хамилтон и колегата Џорџ Расел во Спа-Франкошамп и зборувајќи за медиумите, седумкратниот шампион изјави:

Потскокнуваше како минатата година. Насекаде.

Хамилтон страдаше од деградација на гумите во текот на трката, што го спречи да го стигне Шарл Леклер од Ферари за подиум.

Секогаш мислев како да има одговор за сите кругови што ги правев, така што тој имаше предност овој викенд – објасни тој.

Се обидував, притискав многу, имав многу опаѓање на пневматиците во средниот сектор.

Го добивме најбрзиот круг на крајот, и има многу позитивни работи што треба да ги земеме од овој викенд, но имаме уште работа.

Правевме големи чекори. Мислам дека нашиот најголем чекор што го направивме беше кога отидовме во Монако и болидот навистина многу напредуваше оттогаш – додаде Хамилтон.

Подобро разбираме каде да го позиционираме болидот, тој беше многу поконзистентен, имавме повеќе подиуми и топ пет финиши што беше одлично.

Генерално прилично солиден и има голема сигурност. Значи, има многу, многу добри делови, но на болидот и рамнотежата сè уште треба да работиме и ни треба повеќе потисна сила.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ