Албон зачуден од неверојатната ментална сила на Верстапен

Александер Албон е полн со пофалби за неверојатната ментална сила на неговиот поранешен тимски колега од Ред Бул, Макс Верстапен.

Холанѓанецот стана првак годинава претекнувајќи го Хамилтон во последниот круг на последната трка во највозбудливиот финиш на сезона што Формула 1 некогаш го видела.

ментално е неверојатно силен, тоа е негова најсилна страна. вчудоневиден бев од неговата способност да не се грижи за ништо. метанлно е неверојатен, само вози и не размислува за никакви последици или било што околу него, навистина ме инспирираше.

ако макс заврши зад луис, ќе си каже дека не е важно, постои следна трка. ако победи на трка, повторно ќе си каже дека не е ништо значајно. му се восхитувам затоа што не е воопшто лесно да се биде таков – откри албон.

Начинот на кој младиот холанѓанец стигна до својата прва титула беше контроверзен по одлуките донесе од Мајкл Маси кон крајот на трката. Поради тоа, многумина може да кажат дека холанѓанецот не ја заслужи титулата, но не и Албон.

јас ги гледам двете страни. кога ќе се сетам на силверстон, унгарија, џеда или првиот круг во абу дби, имам чувство дека одлуките кои беа донесени му штетеа на макс. секако дека ми е жал за мерцедес, но во исто време, сметам дека ред бул заслужи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ