Албон: Макс знае како да го извлече најдоброто од Ред Бул

Александер Албон признава дека морал многу да научи откако премина сред сезона во Ред Бул и стана тимски колега на Макс Верстапен, но во исто време вели дека нема подобра личност од која може да учи.

Албон се приклучи на Ред Бул по летната пауза, како замена за Пјер Гасли. Неговите перформанси беа доволно добри, тка што Ред Бул одлучија да го задржат и за 2020 година. Албон одвај чека на можноста да го предизвика Верстапен.

Сите знаат дека Макс е брз и каков возач е. Нема подобар начин да научам и да се подготвам себеси одколку од тимски колега кој е најбрз на гридот. Тоа е добра шанса и цел за бркање. Тој има уште многу години во тимот и знае како да го извлече максимумот, додека за мене, сеуште учам.

Мислам дека следната година ќе биде понормална. Оваа година беше моја прва во спортот и не беше нормално. Исто така беше прва сезона со Хонда и соработката е неверојатна. Работната етика и хемијата помеѓу сите ја покажува страста која ја имаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ