Албон признава: Бев еден од најнеподготвените возачи на гридот

Британецот со тајландско потекло, Александер Албон, верува дека бил еден од најслабо подготениет возачи кои дошол во Формула 1 откако неочекувано доби повик во 2019 година.

Албон се враќа на гридот сезонава со Вилијамс откако лани ја мина надвор од тркањето како поддршка на Ред Бул во Милтон Кинс и нивна резерва. 25-годишникот дојде во спртот во Торо Росо во 2019 година откако веќе имаше потпишано договор со Нисан во Формула Е, а по промоцијата на Пјер Гасли во Ред Бул.

моето доаѓање во формула 1 се случи во последен момент. не сакам да навлегувам во детали како се се оствари, но беше незгодно затоа што има важечки договор со нисан и не беше така лесно од формул  еда минам во формула 1.

јасно е дека како возач на мои години, да се биде во формула 1 беше сон, тоа е сечија цел од дете, но морав да се договорам и штом тоа заврши веќе немаше пречки – се присетува александер.

Навраќајќи се на минатото, Албон призна ека Формула 1 изгледала како невозможна таа 2018 година, без можност или некаква најава за него откако долго време беше дел од програмата на Ред Бул.

се се случи премногу брзо. се до русија во септември не ни помислував дека постои можност да бидам во формула 1 затоа што минав толку долго во програмта на ред бул и никогаш немав формула 1 можност. одеднаш, буквално за време на моите последни две трки во формула 2, добив можност и стигнав во врвната серија.

Но, можноста во последен момент го фатиле неподготвен.

бев еден од најслабо подготвените возачи во формула 1 затоа што сите пред да влезат тестираат, но се се случи во последен момент и јас немав таква можност. мојот прв тест буквално беше предсезонскиот во барселона и тоа беше тоа. се извртував, не можев да се снајдам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ