Албон сака да биде кандидат за титула

Се чини дека шансите за наслов на Ред Бул се со Макс Верстапен, но Алекс Албон сака сериозно да се глед и на него како потенцијален кандидат за наслов.

Британецот со тајландско потекло е на прагот на својата втор Формула е сезона откако имаше турбулентна дебитантска година која ја започна со Торо Росо, но на средина доби шанса кај Ред Бул и ја искористи. 23-годишникот влегува со повеќе искуство и поголемо разбирање во новата сезона.

сакам да сум при врвот и да се борам таму. знам дека за тоа сеуште треба да работам на себе и не мислам дека сум подготвен, но ќе се обидам. има области каде морам подобро – појасни албон за британски Sky F1.

Перформансите на возачот лани ги импресионираа Ред Бул по што тој доби доверба и нов договор и за оваа тркачка сезона. Тој не очекува лесна година, но има цела сезона искуство зад себе.

во пресрет на сезоната некако се чувствувам дека знам што да очекувам. сум бил на сите патеки и знам каква драма ме чека.

за мене во моментов макс е некој со кој може да се споредам за да се подобрам и поради тоа ги анализирам податоците за да видам каде има предност, затоа што не е тајна дека е многу брз.

во исто време сум фокусиран на себе и се обидувам да го намалам заостатокот и да се обидам да го минам. тоа би било убаво – посака алекс.

Младиот возач е свесен дека до Верстапен може да стигне само доколку се подобри, а се надева дека Ред Бул ќе испорачаат конкурентен пакет, онаков каков што тестирал во симулаторот.

веќе имам многу симулации зад себе по крајот на минатата сезона. не се почнати ни предсезонските тестови, а јас ја знам насоката во која ќе се движиме и чувството е многу добро.

во тимот владее убаво расположение дека ќе стигнеме до нешто големо и значајно, но мораме да провериме до каде сме на предсезонскиот тест во барселона.

знаеме дека мерцедес се сеуште прваци и дека паралелно со нас ќе се подобрат и мерцедес и ферари, а ќе видиме кој се подобрил најмногу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ