Албон ќе се трка во ДТМ со поддршка од Ред Бул

Александер Албон и Лиам Лосон ќе учествуваат во германската ДТМ тркачка серија оваа година со поддршка од Ред Бул Рејсинг. 

Албон помина половина од 2019 година и цела 2020 година тркајќи се за Ред Бул во Формула 1, но ќе биде земенет во 2021 од Серхио Перез. Британецот со тајландско потекло освои два подиума, во Муџело и Шакир, но тоа не беше доволно и премина во резервна улога.

Александер ќе вози на одредени трки во ДТМ кога ќе биде слободен од своите обврски во Формула 1 од работата што треба да ја заврши во Милтон Кинс. 

18-годишниот Лосон, помина две години во Формула 3 првенството, заврши на петто место во 2020 година  со три победи и три подиуми. Тој е исто така дел од јуниорскиот тим на Ред Бул од 2019 година и од тогаш има учествувано во повеќе категории.

Сеуште не потврдено со кои тимови и автомобили ќе возат Албон и Лосон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ