Алдо Kоста се враќа во Ферари ?

Шпекулациите во медиумите поврзани со Скудерија Ферари не престануваат и уште едно познато име се става во комбинација за враќање во Маранело.

Веќе е речиси сигурно враќањето на Симоне Реста на неговата претходна улога во Ферари откако минатиот период мина во Алфа Ромео, а веќе се најавува враќањето на Алдо Коста.

Коста до минатата година беше шеф на инженерите во Мерцедес пред да премине како технички советник во германскиот тим.

Од Мерцедес изјавија дека потегот бил за да поминува повеќе време со семејството во родната Италија.

Пред да работи за Мерцедес, Коста беше дел од дрим тимот на Ферари од времето на Михаел Шумахер пред да замине од Маранело во 2011 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ