Алези: Луис и Макс претераа на Монца

Поранешниот Формула 1 возач, французинот Жан Алези, е презадоволен од борбата за титула која ја гледа на патеката оваа сезона, но смета дека Луис Хамилтон и Макс Верстапен претерале на Монца. 

Двајцата конкуренти за титулата во првата шикана завршија еден врз друг. Ова беше втор голем судар по тој на Силверстон, каде единствено холанѓанецот заврши во ограда. 

Ние сакаме добар предизвик инаку оваа ера ќе заврши со доминација на Мерцедес и Луис. Оваа година имаме одлична борба на секоја трка и секои квалификации, Но мислам дека тоа на Монца беше претерано и не сакам да обвинувам никого. Се надевам дека ќе продолжат да се борат фер до последната трка – посака алези.

Французинот воочил промена во однесувањето на Верстапен и начинот на кој тој помалку ризикува. 

Дури и на последната трка во Турција приметивме промена кај Верстапен каде тој не ризикуваше, но не сум изненаден дека со неговото искуство нема пвоеќе да се фаќа во замките на Мерцедес. 

Алези нема фаворит и сака титулата да се одлучи во Абу Даби. 

За мене двајцата ја заслужуваат титулата. Единствена работа која ќе го одлучи шампионатот е издржливоста, тоа е единствената опасност. Хамилтон беше научен да биде лабав, но сега Макс не му дава здив. Мислам дека ќе има борба до Абу Даби. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ