Алези на страната на ФИА: Саинз е виновен за се

Поранешниот возач на Ферари, Жан Алези, ја поддржа ФИА во нејзината одлука да го казни Карлос Саинз за контактот со Фернандо Алонсо за време на вториот рестарт од Австралиското Гранд При.

Возачот на Ферари доцна кочеше на првата кривина по стартот во тој 57ми круг, го удри сонародникот Алонсо од позади по што Астон Мартин болидот се изврте. Стјуардите за прекршокот му доделија казна од пет секунди, така што иако заврши на 4то место, шпанецот официјално беше последен од оние кои ја заршија трката.

Карлос беше бесен на одлуката особен поради тоа што стјуардите не земале ни изјава од него, а дека 5те секунди биле престроги се согласи и Фернандо Алонсо кој беше жртвата.

австралиското гранд при беше контроверзно поради однесувањето на директорот за трка. јас ја гледав хаотичната трка, но не го поддржувам гледиштето дека било лошо и погрешно, затоа што по мене директорот на трка соодветно ги примени сите пишани правила.

казната која му беше дадена на саинз е разбирлива. како што се случува и во фудбалот и во било кој друг спорт, казната може да дојде и по крајот на натпреварот. искрено, саинз направи грешка веднаш по рестартот – смета алези.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ