Алези: Ни Њуи не може да ги реши проблемите на Ферари

Жан Алези, поранешниот возач на Ферари, смета дека ниту легендарниот дизајнер Адриан Њуи нема да може да ги реши овогодинешните проблеми на тимот од Маранело.

Претседателот Џон Елкан неделава на акционерите им сооштил дека во Маранело се случуваат големи промени особено со засилување на сопртските активности на патеката.

на васур му е потребно време, но тој е вистинскиот избор – изјави алези на Les Fous du Volant на француски еуроспорт.

Тој се присети на времето кога Жан Тод пристигнал во Ферари во 1990-тите години и почнал масовно регрутирање на персонал, а ги донел и Рос Браун, Рори Брн и Михаел Шумахер.

тоа повеќе не е можно во формула 1, но ако денеска адриан њуи одлучи да дојде во ферари, болидот кој би го создал ќе биде на патека дури во 2025 година затоа што има куп клауули и договори кои ќе го ограничат. но и покрај времето, верувам дека фред е вистинскиот избор за ферари.

Тој смета дека Васур треба да остане мирен и да стави приоритет на издржливоста, перформансите и стабилност.

треба да ги среди сите тие три работи по тој редослед и тоа добро го знае. приоритет на некој возач нема да реши никаков проблем и нема да отстрани никакви проблеми со болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ