Алези смета дека на Ферари им требаат промени годинава

Поранешниот Формула 1 возач, Жан Алеси, смета дека трофејниот Ферари ќе треба да се потпира на французи за да се врати на врвот каде што им е местото.

58-годишниот поранешен пилот на Скудерија е свесен дека екипата треба да напраи големи промени оваа сезона по многуте проблеми кои ги имаа лани.

секако, со цел тимот да напредне, неопходно е да се имплементираат многу промени кон подобро и тоа во повеќе аспекти – посочи алези во своето инетрвју за Autosprint.

Најголема промена за претсојната тркачка сезона е тоа што Матиа Биното повеќе нема да го предводи тимот, а на неговото шефовско место е поставен французинот Фредерик Васур. Возачот е свесен дека Фред многу ќе ги користи услугите на актуелниот спортски директор на тимот, Лорен Мекиес, негов сонародник.

верувам дека васур многу ќе се потпира на лорен затоашто тој работи веќе неколку години во ферари и ќе мора да му помогне на новиот лидер за да ги ревидираат и подобрат работите кои треба да се опдобрат.

ако некој ми кажеше дека во ферари се повеќе и повеќе ќе се зборува француски веднаш ќе протестирав затоа што во ферари се зборува само еден јазик, италијански.

да бидеме искрени, лани имаше многу моменти кога ферари беа безбадежни во својата стратегија и тоа дефинитивно веднаш мора да се промени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ