Алеси: Леклер нема право да се предаде

Шарл Леклер мора да продолжи да верува во Ферари и нема право да се предаде, смета французинот Жан Алеси кој своевремено возеше за екипата од Маранело.

Младиот Леклер претходно изјави дека нема избор освен да е трпелив во однос на Ферари, а Алеси, чиј син Џулиано е дел од Ферари академијата, го уверува Леклер да продолжи да верува. 

Се борев со Ферари долги пет години. Кога работите беа добри, можев да завршам трет, Но никогаш не се откажав – се навраќа Жан на својата тркачка кариера.

Алеси изјави дека разбира оти ситуацијата е различна за Себастијан Фетел. 

ТОј е на крајот на договорот и не знае каков болид ќе вози наредната година. поради тоа е нормално да е деморализиран.

Но, Леклер не треба да биде. Тие кои возат Формула 1 мора секогаш да веруваат независно од квалитетот на тимот. Шарл го покажа својот талент. Тој треба да се потсети како возач никогаш да не се откаже.

Ферари инвестираат во него, го развиваат од млад и сега е во Формула 1 со договор до 2024 година што не се случило до сега во Ферари. Сега е на него да им врати.

Ситуацијата е тешка за Карлос Саинз кој заврши втор со Мекларен на Монца, а наредната година ќе ја помине со послаб болид, но Алеси уверува дека не треба да жали. 

За пет сезони победив само еднаш И никогаш не зажалив. Се надевам дека Леклер има различна приказна од херојските времиња на Нуволари.

Ферари ќе се врати. Немаат освоено шампионат, но не треба да се жалат. Беше чест да се биде дел од тимот. Шуми ме замени и тој е најголемиот од сите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ