Алеси не верува во победа на Мерцедес

Поранешниот возач на Ферари, Жан Алеси, не верува дека Мерцедес ќе дојде до победа оваа сезона. 

Тимот од Брекли оваа година е поназад од водечките поради промената на техничките правила. Водечки се Ферари и Ред Бул кои ги освоија сите победи оваа сезона. 

Мерцедес доминираше во турбо хибридната ера, но сега е поназад од останатите. Иако формата се подобрува како тече сезоната, сепак тешко е да стигнат до победа иако имаа шест подиуми на шест трки. 

Лесно е да се каже, но сите се шокирани. Сите мислеа дека во Бахреин ќе биде нешто посебно и ќе бидат недопирливи, Но сепак болидот беше ужасен. Понекогаш Луис беше посрамотен иако е седумкратен шампион.

Имаат капацитет да го поправат болидот и тоа е импресивно. Џорџ беше на пол позиција на последната трка во Унгарија и Луис се бореше за предниот ред. Мора да се направи компромис, но понекогаш тоа не успева. Знам дека се победнички тим, но тешко да дојдат до победа во нормални услови. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ