Алисон амбициозно: В14 ќе биде слаб болид се додека не го направиме најбрз

Ново-стариот технички шеф на Мерцедес, Џејмс Алисон, посочи дека тимот ќе го смета В14 моделот за слаб болид се додека не успеат да го направат најбрз на гридот.

По тешкиот почеток на сезоната, болидот покажа посилни перформанси во Австралија, а проблемите на Серхио Перез од квалификациите му дозволија на Џорџ Расел да стартува од 2то место, а на Луис Хамилтон да дојде до подиум.

болидот е доверлив, дефинитивно тоа е силна страна и подобар е од најголем дел од гридот, но се додека не стане најдобар, ние ќе сметаме дека е слаб пакет.

не е многу агресивен кон гумите, но не е толку добар во менаџирањето со истите како некои од гридот. има повеќе потисна сила од многу болиди, но недоволно за да победува. држењето на патеката не е соршено и мора да работиме.

но, ништо од тоа не е толку важно затоа што знаеме дека треба да има сплет од повеќе околности за да имаме материјал за повторно да победуваме – посочи алисон.

Инженерот не сакаше да посочи на кои патеки болидот ќе биде силен, но знае дека распоредот на силите ќе се менува како што ќе се носат подобрувања и новини на патеките.

сеуште е многу работ во сезоната за да се посочи што е добро на болидот и што не е затоа што болидот не е работа која стои, туку се работи за платформа која се развива и која менува перформанси.

ако треба да “лупнам“ нешто во моментов, ќе кажам дека ние сме некако посилни на патеки кои бараат силен преден дел, така што бевме лоши во бахеин, но силни во мелбурн, а очекувам да сме добри и во барселона и на силверстон. искрено, мислам дека е прерано за било какви предвидувања и затоа што правилата се многу тазе, болидот е нов и има уште многу работа на него.

Џејмс потврди дека екипата ќе има новини во Азербејџан, а напредокот ќе продолжи и на трките кои следуват потоа.

почетоко на серијата подобрувања веќе е во тек, ќе имаме разлики на болидот сеој викенд како што ќе се одвиваат трките, понекогаш повеќе, а понекогаш помалку, но новини ќе има дефинитивно.

баку нема да биде исклучо и се надевам дека и на трките потоа иако се многу густо збиени ќе имаме новини со оглед на ограниченото трошење кое е наметнато. во дел од сезоната сме кога сме многу одморени и мотивирани за да продолжиме напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ