Алисон за надградбите на Мерцедес: Полека се движиме во нагорна линија

Во Барселона Мерцедес се вратија посилни по големите надградби на нивниот болид.

Надградбите воведени во Монако се чинеше дека функционираат добро на нормална патека и германскиот конструктор успеа да освои двоен подиум во Шпанија како резултат сета работа.

Сепак, Џејмс Алисон останува претпазлив за шансите во остатокот од сезоната.

Во однос на надградбите, германскиот тим дојде со нова предна суспензија и нов под. Најзабележително, сепак, беше тоа што болидите на Мерцедес отсега имаа странични подлоги, откако сребрените стрели го напуштија иновативниот концепт на нулта подлоги по повеќе од една година.

Монако можеби не беше најсоодветната патека за тестирање на новите делови, но Барселона беше. Во Шпанија, Луис Хамилтон заврши втор, а Џорџ Расел трет, и покрај тоа што младиот британец мораше да стартува од 12та позиција.

На прес-конференцијата во Канада, техничкиот директор на Мерцедес јасно стави до знаење дека тимот се надева дека ќе направи пресврт со ажурирањата.

Ми се допадна добриот резултат што го имавме во Барселона.

Тоа предизвикува насмевка на сите лица. Се надевам дека малку скршнавме во вистинска насока.

Мислам дека оваа патека ќе биде многу различна во предизвиците што ги нанесува на болидот. Но да, мислам дека полека се движиме во нагорна линија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ