Алисон: Рокадата со Елиот ќе не направи подобри

Ново-стариот технички директор на Мерцедс, Џејмс Алисон, смета дека скорешната промена на работните позиции помеѓу него и Мајкл Елиот само ќе ја подобри екипата.

По тешкиот почеток на оваа сезона со В14 болидот, Алисон ќе стане технички шеф, а на местото Главен технички директор ќе биде Мајк Елиот. Тоа значи дека Алисон ќе биде оперативно и секојдневно вклучен во работењето над болидот и тркачката програма, додека улогата на Елиот е повеќе стратешка. До 2021 година, Алисон беше технички шеф, но се повлече од таа функциоја поради семејни причини.

имавме мала анализа на споствените редови во бракли и јас и мајк заклучивме дека можеме доста добро да ги покриваме двете позиции. веројатно јас сум подобро решние за кусорочна борба на патеката во првенството, а тој е подобар играч на шах за да не носи кон иднината, така што ќе му одоговара мојата претходна работа.

разговаравме околу тоа и смисливме начин со кој мерцедес ќе биде подобро и помоќно оружје – објасни алисон.

Запрашан зошто промената се случила по силна трка како онаа во Австралија, Џејмс потенцираше дека ја гледале “големата слика“.

не сметам дека оваа одлука многу зависи од тековните перформанси на болидот и од минатиот тркачки викенд. беше реален слика на тоа каде сме и што повеќе ќе одговара на тимот. сметаме дека ваќа ќе бидеме посилни и ќе извадиме максимум.

да се надеваме дека во мелбурн беше само прв чекор од напредокот и дека пред нас е добра иднина во она што следува.

Инженерот призна дека ќе му биде потребно време за да влезе во ритам со секојдневните активности кои ги бара тркачката програма.

бев помалку инволвиран во секојдневното работење на тимот откако не сум технички шеф, повеќе се грижев за иднината, стратегијата и слично. секако дека ќе ми треа малку за да влезам во ритам, не само со новите правила туку и со моторот, менаџирање на фабриката и тркачката екипа и се што тоа носи. но, возбуден сум, ќе биде иетнресно и задоволство е да се вратам.

Во врска со фактот што новото работно место бара многу патување, Алисон потенцираше дека во 2021 година се повлекол затоа што бил во почетна фаза од нова врска, но минало време и се создале услови да биде повеќе отсутен од дома.

сето тоа беше причина од трагедијата кога почина мојата сопруга, но бев доста среќен и по неколку години сретнав некој посебен кој во тоа време живееше во франција и работеше таму и го имаше целиот свој живот таму.

ја поканив да живееме заедно и да го минуваме времето заедно така што не беше фер потоа да бидам толку многу отсутен од дома. поради тоа ја намалив вклученоста во тимот и оставив вреем нашата врска да созрее. тоа беше пред две години, сеа клои се пресели кај мене, буквало пушти корени и не зависи толку од мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ