Алпин цели кон Гасли, Марко го сака Херта за АлфаТаури

Возачот на АлфаТаури, Пјер Гасли, се појави како изненадувачки кандидат за тимот на Алпин за 2023 година според Motorsport.com.

Во уште понеочекуван развој, ѕвездата на ИндиКар, Колтон Херта, беше поврзан со иднина во АлфаТаури.

Шефот на тимот на Алпин, Отмар Шафнауер, инсистира дека тимот од Енстон нема да размислува за други возачи додека одборот за признавање договори не расправа за случајот Оскар Пиастри во Понеделник. Сепак, шпекулациите велат дека Алпин веќе го покажале својот интерес за Гасли од сестринскиот тим на Ред Бул.

Французинот беше потврден за 2023 година од Алфа Таури на 24 Јуни и затоа секој потег за негово добивање ќе мора да вклучува договор што ќе му одговара на Ред Бул и неизбежно значителна исплата. Иако тој очигледно се смета за вреден член на AлфаТаури, поголемата слика е дека тимот од Фаенца треба да обезбеди идни возачи за Ред Бул Рејсинг.

Гасли ја имаше својата шанса во 2019 година пред да биде вратен во АлфаТаури, а во падокот е нашироко признаено дека шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, не предвидува идно враќање на 26-годишниот возач во сениорскиот тим.

Со оглед на тоа сценарио, Ред Бул би можел да биде отворен за ослободување на Гасли доколку условите на кој било договор се поволни. Некои извори посочија дека доктор Хелмут Марко размислува за Мик Шумахер, кој најверојатно ќе биде отпуштен од Хаас.

Преселбата во АлфаТаури исто така би значела дека во кампот на Ред Бул има германец од висок профил пред пристигнувањето на Порше на гридот во 2026 година.

Сепак, има и сугестии дека Марко има интерес за водечкиот возач во ИндиКар на Андрети Аутоспорт, Колтон Херта, кој исто така има договор со Мекларен. Интригантно, во саботата попладне во Спа, шефот на мотоспортот на Ред Бул беше виден во разговор со извршниот директор на Мекларен, Зек Браун. Еден очигледен проблем е тоа што Херта моментално нема суперлиценца што би му овозможила да се трка во Формула 1 во 2023 година.

Но, ако тоа се реши со исклучок од ФИА и Мекларен го ослободи Херта, Гасли ќе биде слободен да се пресели во Алпин, а тоа за возврат ќе ја отстрани тензијата за Мекларен во однос на ситуацијата со Оскар Пиастри. Дури и ако Херта не може да се трка во 2023 година, а Гасли остане во АлфаТаури, американецот сепак би можел да се приклучи на тимот на Ред Бул во тест улога со можност за возачко место во иднина.

Една компликација во секој договор со Алпин е тоа што Гасли има непријатен однос со сонародникот Естебан Окон, неговиот потенцијален тимски колега. Доколку и Пиастри и Гасли на крајот не бидат достапни, Алпин може да нема потенцијални кандидати.

Иако Даниел Рикардо е очигледна опција, познато е дека Австралиецот го вознемири највисокото раководство на Рено кога замина во Мекларен по само две сезони во тимот во 2019 и 2020 година. Сепак, изворите сугерираат дека ситуацијата може да се надмине.

Резервниот возач на Астон Мартин, Нико Хулкенберг, кој возеше за Рено во 2018 и 2019 година, е друга можност. Германецот, кој се тркаше за шефот на Алпин Отмар Шафнауер во Форс Индија, Рејсинг Поинт и Астон, ќе се смета за безбеден избор.

Тој, исто така, би бил подготвен да склучи едногодишен договор, со што потенцијално ќе ослободи место за секој друг што би можел да биде достапен по 2023 година, вклучувајќи го и Гасли.

Шумахер и возачот на Формула Е на Мерцедес, Ник де Врис, исто така бараат седишта за 2023 година, додека јуниорот Тео Поуршер на Заубер/Алфа Ромео, исто така, може да биде надворешен избор и да им даде шанса на Алпин да донесат уште еден млад Французин покрај Естебан Окон.

Окон во четвртокот во Спа истакна дека би бил среќен со било кој тимски колега.

Мислам, на крајот не е важно кој е до мене. Ќе ја задржам работата што ја работам сега со мојот тим, продолжувајќи да го разбирам болидот и напредокот што го направивме оттогаш. Му се приклучив на тимот во 2020 година и тоа беше голем момент.

И секако, јас сум многу поинаков возач од она што сум бил. Сега знам многу повеќе за тимот, за болидот и како да ја користам машината што ја имам во раце.

Задоволен сум од тоа каде одат работите. Повторно, кој и да е на моја страна следната година, ќе продолжам да ја работам работата што ја работам и се додека сум задоволен од настапот и како оди тоа, тогаш нема потреба да се менувам или да се грижам за другата страна.

Сепак, тој призна дека би сакал да го види неговиот пријател Шумахер да ја добие работата:

Тоа не е моја одлука. Но да, би бил многу среќен да работам со Мик. Тој ми е добар пријател. Но повторно тимот, тие одлучуваат, а не јас. Но да, ако заврши вака, сигурно ќе биде одлично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ