Фамин: Нема проблеми во Алпин и покрај сите промени

Тимот на Алпин изгледа поинаку во споредба со последните месеци, но нивните цели за годината остануваат исти.

Привремениот директор на Алпин, Бруно Фамин, инсистира на тоа дека тимот оди во вистинската насока и покрај мноштвото промени во персоналот.

Францускиот производител објави дека Отмар Шафнауер и спортскиот директор Алан Пермејн го напуштаат тимот за време на викендот за ГН на Белгија, а Пет Фрај исто така ќе замине за да преземе висока техничка улога со Вилијамс во Ноември.

Најавите дојдоа само неколку дена откако Алпин потврди дека извршниот директор Лоран Роси бил преместен да ги надгледува специјалните проекти, а на чело ќе дојде Филип Криф.

Претходно оваа година, Роси беше критичен за настапите на Алпин во услови на тешка сезона за тимот.

Тимот со седиште во Енстон се наоѓа на шестото место во шампионатот за конструктори со 57 поени и се чини малку веројатно дека ќе го одбрани четвртото место од минатата сезона.

Алпин пред две години го претстави планот за 100 трки за враќање на предниот дел од Ф1 гридот, но по тешкиот почеток на тековната сезона, Естебан Окон го постигна третото место во Монако, освојувајќи го својот прв подиум од 2021 година.

И покрај високиот финиш меѓу првите три, вкупните резултати на Алпин оваа година укажуваат на тоа дека таа се оддалечуваат од крајната цел, иако Фамин тврди дека тоа не е така.

Она што се случува е втората фаза во Алпин, ако можам да кажам. Не одиме наназад, туку се движиме напред – изјави Фамин.

Се разбира, тоа е многу голема промена. Но, тоа е и можност, да се има нова основа, или да се консолидира основата и да се оди понатаму и побрзо.

Клучната цел е онаа што ја спомнав неодамна: ние треба да победуваме, се стремиме кон победа на трки и шампионати што е можно поскоро.

Треба постојано да ги подобруваме нашите болиди, целосниот пакет, од трка во трка, од година во година.

Знаеме дека не е лесно. Знаеме дека промената на регулативата е генерално добра пресвртница за промена на рангирањето и мислам дека тоа е сосема разумна цел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ