Алфа Ромео му бараат друга улога на Кубица

Роберт Кубица очекува друга улога во Алфа Ромео наместо досегашната како тест и резервен возач. 

Полјакот има силни врски со тимот уште од времето кога БМВ беше технички партнер и дојде до првата и единствена победа за тимот во 2008 година. Откако премина во Рено во 2010 година, тој извозе само една сезона поради тешкиот инцидент во рели што му ја скрати кариерата. Во рели се врати две години подоцна, но во Формула 1 се проба како тест возач на Вилијамс во 2018 година и подоцна доби место во тимот. 

По само една година во Вилијамс тој замина во Алфа Ромео каде полската рафинерија Орлен е главен спонзор и возеше на неколку тренинг сесии. Фред Васур  гледа потенцијал во Кубица за друга позиција. 

Се надевам дека ќе му најдеме друга позиција. Му верувам и знам дека не му е лесно, но тоа е нормално за еден возач.

За Заубер тој е еден од легендарните возачи кои победиле за тимот. Тој помина доста години со нас и треба да му најдеме позиција за во иднина, Но сеуште немаме идеи. 

Васур потенцираше дека Кубица има тесни врски со Орлен, но не е нивна маскота. 

Тој секако не е спонзор. Свесни сме дека тој е важен за Орлен и врши одлична работа. Има силни технички познавања и тоа е добро за нас. Добро е што ќе има уште една тренинг сесија. ТОј ја покажа својата класа на неколку трки. Се бореше 10 кругови со Фетел и го престигна. Му дадовме прилика во симулаторот и веднаш не убеди дека е посебен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ