Алфа Ромео целосно фокусирани во Катар

Од Алфа Ромео изјавуваат дека целиот фокус ќе биде на перформансите во Катар откако го финализираа изборот на вториот возач за следната сезона. 

Многу се шпекулираше околу Алфа Ромео во изминатиот период, бидејќи не беше одредено кој ќе вози во тимот крај Валтери Ботас како и евентуалната продажба на американецот Мајкл Андрети. 

Откако тие потврдија дека Гуанју Жу ќе стане првиот Формула 1 возач од Кина и ќе вози токму за тимот од Хинбил, може слободно да се насочат на остатокот од првенството. Тимот освои само 11 поени оваа сезона и е на 9та позиција. 

Имавме многу работа неделава со доста најави во тимот и сега фокусот е на патеката. Трката во Катар е клучна за шампионатот и подготвени сме да донесеме поени.

Ова е крај на трите последователни трки и сакаме во најдобра форма да го завршиме овој дел. На патека како Катар, која е нова за сите, важно е најпрво да ја проучиме – објасни фредерик васур, шефот на екипата.

Џовинаци заминува од Формула 1 по три сезони со Заубер  и преминува во Формула Е. 

Најавите за оваа недела се веќе минато и наша цел е да имаме силни перформанси до крајот на сезоната.

Катар е нова патека за сите и сите почнуваме од нула. Очигледно е дека добар резултат бара мирен викенд. Сакаме добар резултат по неколкуте лоши трки кои ги имавме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ