Аривабене го менува Ферари со Јувентус?

Италијанскиот печат пренесува дека Маурицио Аривабене може да го напушти Ферари за да го превземе челното место во фудбалскиот клуб Јувентус. Италијанецотод 2012 година е член на Бордот на Јувентус, а медиумите пренесуваат дека е најсериозен кандидат за да ја превземе функцијата Главен извршен директор од Џузепе Марота.

По осум години на чело на клубот, Јувентус неодамна потврди дека Марота на крајот на Октомври ќе го напушти Торино. Под негова “власт“ тимот освои седум последователни шампионски титули во Италија, а летово го донесе и Кристијано Роналдо со цел да се направи последниот чекор во борба за шампион на Европа.

Аривабене има силни и блиски врски со семејството Ањели кои се сопственици на Јувентус и ФИАТ, кои пак се газди на Ферари. 61-годишникот стана шеф на Ферари во Ноември 2014 година и го водеше тимот во преродбата која сеуште трае, но и покрај огромниот напредок “црвените“ не успеваат да дојдат до титула, а во моментов заостануваат како во возачкиот така и во конструкторскит поредок.

Исто така, медиумите дознаваат дека Маурицио сакал Кими Раиконен да остане во тимот и следната година, но новиот Борд на Ферари настојувале да се испочитува одлуката на починатиот Претседател Серџо Маркионе и да се донесе Шарл Леклер во Маранело.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ