Астон заработиле 80 милиони долари само од Vantage F1

Сопственикот на Астон Мартин Ф1 тимот, Лоренс Строл, откри дека производителот на автомобили заработил дури 80 милиони долари од продажба на моделот кој се користи како безбедносно возило во тркачката серија.

Милијардерот има 16,7% од акциите во Астон Мартин кои ги куипи во 2020 година и тогаш го ребрендираше својот Формула 1 тим во официјална Астон Мартин екипа. Докупувајќи акции, во моментов неговиот удел во компанијата стигнал до 23%.

Но, вклученоста на Астон во Формула 1 не е само преку фабричката екипа затоа што компанијата доставува и безбедносно возила, заедно со Мерцедес, носејќи го адаптираниот и подобрен Vantage модел на гридот на половина од трките.

Строл откри дека цената на Vantage е 200.000 долари, така што не може многу луѓе да си го дозволат. Но, се чини дека и покрај цената, моделот е поопуларен, а говорејќи на Financial Times Future of the Car Summit, Лоренс откри дека помеѓу 300 и 400 луѓе го нарачале Vantage Формула 1 моделот како директен резултат од тоа што го виделе како безбедносно возило на трка.

можеби звучи како мала бројка, но за компанија како нашата тоа се доста автомобили – посочи лоренс.

Таквата продажба значи дека компанијата остварила приход од 60 до 80 милиони долари само од продажбата на овој модел преку Формула 1 преносите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ