Алонсо: Астон Мартин и Ред Бул се директно погодени од промената кај гумите

Дали двете екипи се директно погодени од промените во средината на сезоната?

Фернандо Алонсо верува дека Астон Мартин и Ред Бул биле негативно погодени од промената во конструкцијата на пневматиците во Ф1.

Новата конструкција беше претставена на Големата Награда на Велика Британија откако Пирели ја воведе за да ги реши безбедносните проблеми, при што сегашната генерација на болиди веќе ги достигна нивоата на потисна сила предвидени до крајот на тековната сезона.

Додека соединенијата останаа исти, конструкцијата на гумите е поцврста за да се осигура дека гумата може да ги исполни барањата за брзи свиоци, иако двократниот шампион Алонсо верува дека тоа влијае во перформансите.

Говорејќи откако Макс Верстапен ја пропушти пол позицијата во квалификациите за Големата Награда на Унгарија, Алонсо, кој се квалификуваше осми, изјави:

Од кога новите гуми на Пирели беа воведени во Силверстон, има неколку тимови кои се мачеа повеќе и неколку тимови кои сега се многу среќни со болидот.

Не сме само ние, мислам дека Ред Бул е јасно погоден со тие гуми, тие беа еден-два на сите квалификации, еден-два на секоја трка, а сега не се ни на пол позиција.

Чеко се бори да биде во топ 10. Во Силверстон мислам дека Макс беше само три секунди пред Ландо во трката. Така, според мене работите не се нормални уште од Силверстон.

На денот на трката на Хунгароринг, Астон Мартин не можеше да остави впечаток над своите ривали во трката за второто место во титулата кај конструкторите бидејќи завршија на деветтото и десеттото место, благодарение на Алонсо и возењето за опоравување од страна на Ленс Строл.

Не бевме доволно брзи да предизвикаме никого напред и немавме никакви закани позади – објасни Алонсо.

Значи три бода, деветти и 10-ти беше максимум.

Треба да погледнеме многу работи.

Мораме да разбереме што прави болидот сега во споредба со почетокот на сезоната, колку надградби донесовме во споредба со нашите главни конкуренти и потоа најдобро да ги разбереме новите гуми.

Тие се исти за сите, така што само треба да завршиме подобра работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ