Астон Мартин со нов спонзор – италијанското пиво Peroni

Астон Мартн доби уште еден нов спонзор во својата ионака долга листа на партнери, овој пат италијанскиот пивски бренд Peroni Libera 0.0%.

Безалкохолното пиво високо котира на листата на пијалоци од таков вид, а го произведува компанијата Asahi.

Логото на Перони ќе се појави на болидот на Астон Мартин, кој патем ќе се вика АМР21, како и на облеките во тимот и на возачите. Болидот треба да биде промовиран ан 3 Март.

Партнерството е клучно во остварувањето на целта на компанијата Asahi Europe & Internationa, а тоа е да има пазарен удел од 20% во безалкохолните пива до 2030 година.

Договорот доаѓа многу скоро откако Астон Мартин потврдија дека ќе продолжат да соработуваат со австриската компаниај за водна технологија, БВТ, иако претходно се сметаше дека ќе ја прекинат соработката поради тоа што американски Когнизант дојде за главен спонзор на тимот. Во меѓувреме нов партнер е и SentinelOne.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ