Ауди е можно решение за иднината на Шумахер

Иднината на Мик Шумахер во Формула 1 по оваа сезона е неизвесна, а Хаас наскоро треба да донесе одлука во врска со својата возачка постава за следната година.

Шумахер, наводно се бори со поранешниот возач на Форс Индија и Рено, Нико Хулкенберг, да биде колега со Кевин Магнусен следната година. Сепак, Хаас сугерираа дека Шумахер мора да направи повеќе за да го задржи своето место во тимот бидејќи се приближува до крајот на својата втора сезона во Формула 1.

Германецот го постигна најдобриот резултат во кариерата во Австрија претходно оваа година, пласирајќи се на шестото место. Сепак, има шпекулации дека иднината на Шумахер во тркачката серија би можела да биде со Ауди.

Во средата, Ауди потврдија дека ќе станат фабрички тим во 2026 година, стекнувајќи мнозински удел во групацијата Заубер. Најавата дојде по нивното соопштение претходно оваа година дека ќе се приклучи на гридот како снабдувач на мотори кога ќе стапат на сила новите регулативи за енергетските единици во 2026 година.

Формула 1 проектот управуван од Заубер функционира како Алфа Ромео од 2019 година, но тоа партнерство треба да заврши на крајот на сезоната следната година. Потоа треба да ја започне својата транзиција во германскиот тим, при што Шумахер како главен кандидат за возење во тимот е промовиран од германскиот новинар Ралф Бах.

Мислам дека е значајно за Мик да ја помине 2023 година Бидејќи како што гледам, неговата иднина е во Ауди. Го бараат и веќе имало разговори, а Јас точно знам дека има разговори – посочи новинарот.

Германски возач за германска екипа би бил одличен спој, но доколку Шумахер испадне од Хаас во 2023 година, поранешниот Формула 1 возач, Кристијан Данер го поддржа да се врати на гридот подоцна.

Мислам дека не е лошо возач како него да земе една година одмор. Тој е сè уште толку млад, лесно може да ја продолжи својата кариера во Формула 1 понатаму.

Валтери Ботас во моментов е обврзан кон тимот на повеќегодишен договор, додека кинезот Жу Гуанју е задржан за 2023 година. Заубер, исто така, многу го ценеше Тео Поурчер кој чека настрана, а французинот се надева на место во Формула 1 во иднина.

Сепак, со стекнување на мнозински удел во тимот од Ауди, најверојатно ќе има нови лица кои ќе ја водат организацијата, што би можело да оди во полза на Шумахер понатаму.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ