Ауди ги прекинува другите моторспорт активности, целосен фокус е Формула 1

Германскиот производител донесе уште една одлука која ќе влијае на останатите активности во моторспортот, додека се насочуваат кон влез во Ф1 за 2026 година.

Aуди ќе ја прекине фабричката поддршка за другите моторспорт активности, вклучувајќи ги класите ДТМ, Дакар и ГТ, бидејќи целосно ќе го пренасочи фокусот на напорите во Формула 1.

Ролф Михл, управен директор на Ауди Спорт, потврди оваа недела дека е донесена одлука од страна на Извршниот Одбор на Ауди, дека тимовите, возачите и партнерите биле информирани за реорганизацијата на тркачките серии во рамки на Ауди Спорт.

Тоа доаѓа откако поранешниот извршен директор на Ауди, Маркус Дузман, кој треба да биде заменет од Гернот Долнер во Септември, се залагаше за промената за компанијата да се етаблира како врвен производител во Ф1 пред нивното фабричко партнерство со Заубер.

Како резултат на тоа, проектот Дакар на Ауди ќе биде завршен во 2024 година, додека хомологацијата на Ауди Р8 ЛМС ГТ3 ќе биде продолжена за да можат приватните тимови и клиенти да продолжат да учествуваат во настани.

Ауди: Многу е јасна одлуката да се фокусираме на Ф1

Ауди е на огромна потрага за регрутирање таленти за да работат на нивната погонска единица за 2026 година откако ги објави своите намери да се приклучи на гридот со Заубер.

Ова го вклучува Џејмс Кеј, кој му се придружи на Заубер како технички директор од Мекларен, додека тркачот со спортски автомобили, Нил Јани, исто така беше избран за нивен возач во симулатор.

Ова е многу јасна одлука дека поради фокус на влезот во Формула 1 во 2026 година почнувајќи од 2024 година, за жал повеќе нема да има финансиска поддршка за тимовите во другите моторспорт серии – рече Михл.

Ова конкретно се однесува на поддршката, тимовите и возачите на Ауди Спорт. Ќе се погрижиме нашите сегашни возила да останат во функција во секој поглед. Но, стратешкото распоредување повеќе не ни е одобрено од 2024 година. Со тешко срце моравме да ја прифатиме одлуката од одборот на Ауди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ