Батон бил многу блиску до Ферари

Формула 1 првакот од 2009 година, Џенсон Батон, откри дека бил многу блиску до потпишување договор со Ферари.

Откако ја освоил својата титула со Браун, сега пензионираниот возач направи трансфер во Мекларен, период во кој откри дека преговарал и со италијанците.

секогаш сакав да се тркам за ферари, такво искуство ќе беше одлично за мене и за волја на вистината бев многу блиску до тоа.

кога стефано доменикали беше шеф таму, неколку пати зборувавме, разговаравме за многу аспекти од договорот, но тој замина и договореното се распадна. никогаш потоа немавме контакт и штета затоа што ќе беше многу возбудливо – изјави џенсон за италијанска La Gazzetta dello Sport.

43-годишникот сега работи како консултант во Вилијамс и телевизиски коментатор и аналитичар, а повремено и се трка во Наскар. на Ле Ман.

ја обожавам формула 1, бев таму цели 17 години, тоа беше моја работа и мој живот, но таа ве прави многу себичен. чувствував толку многу притисок во еден момент што морав да продолжам да се тркам, но во порелаксирана средина, некаде каде што ќе се забавувам.

возачите често си помагаат на тема притисок, многу спортисти имаат свој тренер кој ментално работи со нив, но јас немав свој и во одреден момент не ми беше претерано добро.

ми недостасува возењето формула 1 болид затоа што тоа е најубавата работа на светот и не може да се спореди со ништо друго. но, морам да признаам дека денешното тркање нема да ми се допадне одошто она во мое време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ