Батон го предупреди Рикардо да биде внимателен со паузирање од Ф1

Формула 1 шампионот од 2009 година, Џенсон Батон, го предупреди Даниел Рикардо околу прифаќање на место резервист во некоја екипа за следната година.

Австраијанецот се договори со Мекларен на предвремен раскин на договорот на крајот од оваа сезона, така што нема ангажман за следната и редовно најавува дека се е во игра догодина, можеби и резервно место со цел враќање на гридот во 2024 година. Неодамна медиумите најавија дека тој сериозно размислува да биде резерва во сеуште шампионскиот Мерцедес за 2023 година. Но, Батон смета дека тоа е преголем ризик со кој Дани може прерано да ја заврши својата кариера.

да се биде трет возач за некој од негова калибар е многу, многу чудна ситуација во кој се најде. не знам што ќе искористи од тоа што ќе биде трет возач, не е млад, не дека не е способен редовно да се трка, така што ништо нема да добие – посочи батон.

Џенсон верува дека Рикардо гледа кон местото на Луис Хамилтон и ќе чека негова пензија за да стане редовен возач на “сребрените стрели“. Но, Тото Волф неодамна најави дека очекува Луис уште пет години да биде активен со Мерцедес.

веројатно мисли дека луис може да се пензионира и тој да го превземе неговото место, но луис наајви дека ќе биде во спортот уште пет години, а рикардо нема толку време за чекање. на дани му треба да биде во екипа која ќе може да му обезбеди место во 2024 година, во спротивно ќе биде заборавен по една година без тркање.

Во моментов слободно место имаат Хаас кои го немаат потврдено Мик Шумахер за следната година, а австрлијанецот не демантира нити тркање во некоја друга серија.

ле ман ќе биде многу интересна серија догодина со сите различни производители, ќе има фантастично тркање. така ќе добие можност да работи со некој голем производител што е возбудливо за во иднина. но, не е до таму сеуште, мислам дека сеуште сака формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ