Батон за тимските наредби во Ред Бул: Верстапен изгледаше лошо

По скандалот со тимските наредби на Ред Бул во Бразил, Џенсон Батон е зачуден зошто тимот му наредил на Верстапен да се помести ако тој претходно навестил дека нема да го стори тоа.

Доцна во трката, Верстапен и Перез се возеа на шестото и седмото место за Големата Награда на Бразил, а Ред Бул му порачаа на Верстапен да се помести и да го пушти Перез бидејќи мексиканецот е во тесна битка со Шарл Леклер од Ферари за второто место во шампионатот за возачи, додека Верстапен веќе ја освои титулата. Но, Верстапен одби да го стори тоа и веднаш по знамето му порача на својот тим дека претходно веќе ги навел своите причини зошто не сакал да го пропушти Перез.

Верстапен одби да сподели повеќе детали по трката, но шпекулациите сугерираа дека холанѓанецот не е задоволен откако Перез се удри во завршната фаза од квалификациите за Големата Награда на Монако, со што го спречи Верстапен да го подобри своето време на круг.

Од своја страна, Перез го изрази своето незадоволство од однесувањето на Верстапен во Бразил, велејќи дека инцидентот покажува кој е тој навистина, коментар што Батон го смета за особено значаен.

Повеќе сум воодушевен од коментарот на Чеко, ми се допаѓа – рече Батон.

Тоа е незгодно, бидејќи ја слушаме само едната страна, не слушаме кои се неговите причини.

Не изгледа добро и кога ќе ги слушнете коментарите на Макс, ако не ги слушнеме причините, мислиме дека Макс е себичен, тој не размислува за тимот или неговиот тимски колега.

Видов нешто во медиумите, не знам дали е факт, но мислам дека тој беше многу вознемирен поради квалификациите за Големата Награда на Монако каде Чеко заврши во ѕидот.

Можеби тоа е неговата причина што не сакаше да му го отстапи местото на Чеко бидејќи тоа му наштети на неговите квалификации во Монако и можеби мислеше дека Чеко намерно го направил тоа.

Батон, исто така, се запрашува зошто Ред Бул побарале од Верстапен да го пропушти Перез ако, како што се подразбира, неговите причини зошто не сака да го стори тоа претходно биле јасни.

Макс можеше толку добро да излезе од ова, светскиот шампион да му дозволи на својот тимски колега да помине за да може да се бори за второто место во шампионатот – рече Батон.

Морате да ги прашате Ред Бул, ако тие претходно разговарале за ова како што рече Макс, тогаш зошто го бараат тоа да го направи на трката?

Изгледа како да не разговарале детално за тоа пред тркачкиот викенд како тим и тоа изгледа како поголем проблем. се чини дека Ред Бул самите се доведоа во оваа ситуација што дефинитивно е негативен маркетинг.

Вистинска штета е затоа што, како што реков, можеше да биде совршен крај на трката. Грешката во раниот дел од трката со Луис беше инцидент што не сакавме да го видиме. Тој можеше да го пушти Чеко, тој да освои повеќе поени и да биде втор во првенството. Тоа ќе беше прекрасна ситуација. Но, таа приказна не е приказната што ја добивме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ