Батон изненаден што Браун не го брани Рикардо

Џенсон Батон е изненаден од јавните критики кон Даниел Рикардо од страна на Главниот извршен директор на тимот, Зак Браун, бидејќи смета дека тимовите треба да ги бранат своите возачи. 

Австралијанецот признава дека има тешка сезона и има само еден топ 10 финиш на првите трки. Поради тоа, извршниот директор на Мекларен, Браун изјави дека Рикардо не ги исполнува очеквуањата. 

Браун отиде и чекор понапред објавувајќи детали од договорт на Рикардо кои покриваат предвремено раскинување на соработката.

Сите во тимот треба да ги штитат возачите затоа што Формула 1 е вистинска ментална игра. Мора да ја играш умешно доколку не сакаш да те уништат.

Бев изненаден од изјавата на Зак дека не ги исполнува очекувањата. Се надевам дека зборувале по трката за да може да се фокусира и да извлече максимум од Даниел до крајот на сезоната.

Не е лесна ситуација за возачот. Дури и изјавата на радио на инженерот каде прашува прво за болидот, а подоцна за возачот. Мислам дека работите малку излегоа од контрола. Договорот можеби е во негова полза, но секако има и додатни клаузули.

Да бидам фер, доколку тимот не сака да возиш подобра да не си во тимот смета првакот од 2009 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ