Батон не гледа зошто Луис би заминал од Ф1

Џенсон Батон очекува Луис Хамилтон да се бори за шампионската титула и следната година, наместо како што се шпекуира, да замине од спортот.

Откако на контроверзен начин, според Мерцедес, седумкратниот првак пропушти да дојде со нов наслов, многу се зборува за неговото евентуално откажување на врвната моторспорт тркачка серија. Некои сметаат дека тој ќе се откаже, а Тото Волф немаше прецизен одговор дали тоа ќе се случи.

Батон е поранешен тимски колега на Хамилтон од времето на Мекларен и признава дека можно е црномурестиот британец да ја напушти серијата, но повеќе очекува да бара одмазда догодина.

се е можно, во овој спорт ништо не се знае затоа што возачите се многу емотивни, адреналинот е многу висок, така што ништо не би ме изненадило.

лично не го познавам луис толку добро во моментов, блиски бевме пред 7-8 години кога возевме заедно, но не мислам дека ќе замине од формула 1, особено не сега кога ја загуби титулата. мислам дека ќе се врати следната година и ќе сака да се докаже уште во март.

се надевам дека догодина нема само луис и макс да се борат за титулата, се надевам уште некои други да влезат во таа борба, а гридот да биде поизедначен – посака поранешниот шампион.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ