Батон смета дека Луис ќе освои 8ма титула

Светскиот Формула 1 првак од 2009 година, Џенсон Батон, смета дека неговиот поранешен колега од Мекларен, Луис Хамилтон, ќе стигне до својот 8ми наслов оваа сезона и ќе го надмине рекордот на Михаел Шумахер.

Седумкратниот првак се нема јавно појавено пред медиумите по последната трка во Абу Даби минатиот месец кога во последниот круг ја загуби титулата од Макс Верстапен, а 37-годишникот е тивок и мирен и преку социјалните мрежи каде вообичаено е многу активен.

навистина се надевам дека тој ќе продолжи да се трка, мислам дека сака да ја освои својата 8ма титула во кариерата и да биде најтрофеен возач во историјата на формула 1. ќе го направи тоа, навистина верувам дека ќе се врати – изјави батон за теелвизиското шоу Good Morning Britain.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ