Батон смета дека Хамилтон ќе остане во Мерцедес

Поранешниот Ф1 првак, Џенсон Батон, изјави дека Луис Хамилтон е сеуште гладен за победи и очекува тој да остане во Мерцедес и наредната сезона. 

Договорот на Хамилтон истекува оваа сезона, но сеуште нема најави за негово продолжување. Батон беше колега со Хамилтон во Мерцедес од 2010 до 2012 година и смета дека тој е сеуште гладен за победи и ќе потпише нов договор со Мерцедес. 

Мислам дека нема да се откаже. Тој е тркач и сака да победува и да се бори поради што Нема да се пензионира.

Многу години во лош болид те тераат да се откажеш, Но Луис не е во лош болид. Тоа е болид кој не е добар како што тој се навикнал, Но мислам дека тој ја знае силата на тимот и колку брзо може да стигнат да се борат со Ред Бул.

Наредната година останува на гридот затоа што Гладен е за нова титула – смета џенсон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ