Батон: Хамилтон намерно го одложува својот договор

Џенсон Батон верува дека Луис Хамилтон намерно го одложува потпишувањето на новиот договор со Мерцедес за да види колку силен ќе биде тимот годинава.

“Сребрените стрели“ имаа многу тешка сезона оваа година која беше прва бз победа за седумкратниот Формула 1 првак. Неговиот договор со тимот од Бракли истекува на крајот од оваа сезона, а во моментов се во тек преговори околу продолжување на соработката и негово останување во спортот.

Но, шампионот од 2009 година, Џенсон Батон, кој бепе колега со Луис неколку години со Мекларен, верува дека Хамилтон намерно го одложува потпишувањето на новиот договор.

сигурно сака да знае колку ќе бидат силни мерцедес оваа година. не гледам причина зошто толку доцна би инсистирал на нов договор затоа што знае колку се заморни сите тие прашања за иднината.

ние мораме да го прашаме, а на него, со тек на време, ќе му се здосади да одговара цело време. сигурно сака да види дали овој пакет е силен.

сака повторно да биде брз пред да се повлече и затоа чека да види каков ќе биде болидот и потоа ќе донесе одлука – изјави батон за британски the Telegraph.

Минатата сезона, колега на Луис му беше Џорџ Расел кој подолго време е дел од Академијата на тимот и конечно доби шанса да се трка. Тој заврши пред Хамилтон во возачкиот поредок на крајот од годината.

мислам дека имаа одлична борба, двајцата имаат толку многу талент, а очигледно едниот има многу повеќе трофеи. но знаете, цорџ е фантастичен во однос на возењето, во однос на инженерското знаење, страшен е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ