Безбедносното возило му наштетило на Саинз

Шефот на Мекларен, Андреас Сиелд, смета дека второто безбеднонсо возило кое се појавило на Шакирското Гранд При му одземало шанса за пласман на подиум на неговиот возач Карлос Саинз.

Германецот смета дека неговиот возазч бил по потера по оние пред него на свеж сет на гуми, но не можел да го искористи потенцијалот на болидот во вториот дел од трката. Шпанецот беше најдобропласиран возач кој два пати промени гуми, додека Серхио Пере промени еднаш, ако не се брои принудната промена од првиот круг. Стратегија со едно азстанување во бокс имаа и Естебан Окон и Карлос Саин кои финишираа на 2ро односно 3то место.

начинот на кој се одвиваше трката беше најдобар за естебан и за ленс, но мислам дека тие профитираа од безбедносното возило, она второто, поради тоа што влегоа само еднаш по нови гуми, додека карлос во тие моменти беше во потера по нив со нови гуми, но не можеше да го покаже тоа поради безбедносното возило.

тешко е да се суди, сеуште не сме направиле целосна анализа затоа што трката не беше обична, беше различна од вообичаеното – смета сеидл.

Сепак, шефот на Мекларен се сомнева дека Карлос можел да направи нешто во врска со победникот Серхио Перез.

на крајот мораме да му честитаме на чеко, тој буквално леташе и мислам дека покажа што може да направи во тој одличен болид. ние едноставно не можеме да се тркаме против него во моментов.

мислам дека нашата трка на крајот беше со окон и со ленс, но како што кажав претходно, тајмингот на безбедносното возило беше таков што не можевме да направим ништо.

карлос одлично одработе и заедно со тимот извадвме максимум од тоа што го имавме на располагање, но сепак, ги задржавме даниел и алекс зад нас.

во пресрет на трката нашите очекувања беа кон стратегија со две застанувања по нови гуми, но на трка видовме дека деградацијата е пониска од очекуваното. но, на крајот мислам дека имаве подобра стратегија со две застанувања, но работите не се одвиваа како што требаше.

доколку немаше безбедносно возило по втар пат сигурен сум дека ќе бевме многу блиску до естебан и до ленс кои беа со едно застанување затоа што како што реков, карлос беше брз и беше со нови гуми.

во исто време, мораме да принаеме дека не можевме ништо прови чеко, тој беше во различна класа денеска во однос на ритамот.

Колегата на Карлос, Ландо Норис, стартуваше од послендиот ред поради прекумерна промена на компоненти во моторот, но успеа да спаси поен со својот финиш на 10то место.

со ландо треба да анализираме што се случи по одличниот прв круг кога беше на 10то место, но не можеше да се движи во исти ритам со карлос. проверуваме кои беа причините за тоа.

на крајот секако дека сме разочарани затоа што имавме цел да освоиме повее поени од конкурентите, но не го направивме тоа. за жал, ги немаше оние кои вообичаено се присутни на подиумот затоа што тоа ќе ни помогнеше многу днееска, но такви се работите и треба да го оставиме тоа зад нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ