Белгија, Квалификации: Леклер и Перез од првиот ред, Верстапен ќе стартува шести

Квалификациите за Белгиското Гранд При понудија голема возбуда поради променливите временски услови, но во последниот сегмент тоа не го спречи Макс Верстапен да го постави најбрзиот круг со време од 1:46.168.

Сепак, поради надминување на лимитот на компоненти за сезоната, Верстапен доби грид казна од 5 места, поради што ќе стартува од шестата позиција во Недела.

Шарл Леклер и Серхио Перез ќе стартуваат од првиот ред, а возачот од Монако заврши нешто повеќе од 8 десетинки зад Верстапен, додека Перез заостана скоро цела секунда зад тимскиот колега додека патеката еволуираше постојано во завршните фази.

К1

Во првиот сегмент условите на патеката постојано се менуваа, но истата полека се сушеше, поради што беше сценарио на кој последен е на патеката најмногу ќе профитира. За жал тоа не беше случај за Александар Албон, Жу Гуанју, Логан Сарџент, Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг, кои беа елиминирани во првиот дел.

Рикардо иако постави доволно брз круг за да напредува, сепак истиот беше избришан поради надминување на границите на патеката.

К2

Во вториот квалификациски сегмент патеката веќе во поголем дел беше исушена. Некои возачи продолжија на интермедиа, но повеќето веќе преминаа на софт кон крајот.

Јуки Цунода ќе стартува 11ти на трката во Недела, следен од Пјер Гасли, Кевин Магнусен, Валтери Ботас и Естебан Окон.

Неколку возачи се под истрага поради попречување што дополнително може да го промени стартниот грид.

К3

Последниот дел од квалификациите започна со сите возачи на софт гуми. По првите тројца, Луис Хамилтон беше четвртти најбрз возач на Спа-Франкошамп, следен од Карлос Саинз.

Оскар Пиастри и Ландо Норис и покрај сите сомнежи, ја продолжија силната форма на Мекларен и ќе стартуваат од 5то и 7мо, разделени од Верстапен.

Џорџ Расел ќе стартува од осмата позиција зад Холанѓанецот, следен од Фернандо Алонсо и Ленс Строл од Астон Мартин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ