Бен Сулајем: Ривалите сакаа да го уништат Ред Бул поради буџетот

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, смета дека ривалите на Ред Бул сакале построга казна за тимот за да се спречи повторно прекршување на буџетот.

Ред Бул добија казна од 7 милиони долари и намалување на дозволеното време поминато во воздушен тунел и симулатор, но и покрај казните, Бен Сулајем откри дека ривалите барале построги казни. 

Верувам дека треба да има баланс помеѓу финансиските и спортските казни. Научивме многу за процесот и ги разгледуваме сите можности како да се надмине ова.

Големите тимови сакаа да ги уништиме Ред Бул. Дали требаше да повлечеме линија? Ние мора да сме фер. Ова требаше да се направи порано. Тоа е тоа што научивме, но сеуште учиме. За мене е подобро ова да се случи во мај отколку во октомври – посочи саудиецот.

Тој не е задоволен со протекувањето на информации. Посебно Ферари и Мерцедес беа најгласни околу казната за Ред Бул уште и пред објавувањето на извештаите. 

Во Австрија имавме состанок со Формула 1 комисијата и зборувавме за тоа. Многу е важно да се спроведуваат правилата и знаевме дека ќе биде тешко во првата година. Дискутиравме со повеќе луѓе и многу е важно да имаме персонал. Тоа важи за сите правила. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ