Бергер: Расел наскоро ќе го изнервира Хамилтон

Поранешниот Формула 1 возач, Герхард Бергер, верува дека Џорџ Расел наскоро ќе почне да го фрустрира својот колега Луис Хамилтон. 

Оваа сезона не оди според очекувањата на Мерцедес и тие заостануваат во борбата за врвот. Ферари и Ред Бул доминираат во моментов додека Расел и Хамилтон имаат по еден подиум. Хамилтон заостанува 21 поен зад Расел, но нема многу среќа. 

Досега нивното партнерство е позитивно, но Бергер смета дека наскоро ќе се влоши. 

Мислам дека наскоро ќе го изнервира. Расел е еден од најдобрите возачи во спортот покрај Норис и Верстапен. 

Норис заврши на подиум на Имола што е прв подиум за Мекларен оваа сезона откако во Бахреин тимот беше еден од најбавните. Верстапен победи и однесе еден два победа со Перез и ја намали разликата со Шарл Леклер. 

Му симнувам капа на Рос Браун за новите правила. Болидите се поубави, трките се повозбудливи и возачите може да престасуваат.

сепак, болидите се тешки како мали камиони. 800 килограми е премногу. Ние имавме околу 550 килограми во тоа време, Но прекумерната тежина се објаснува со хибридната формула. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ