Бергер: Рикардо е сигурен облог како замена за Перез

Даниел Рикардо би бил сигурен облог како следен тимски колега на Макс Верстапен во доминантниот тим на Ред Бул, смета легендата на Ф1, Герхард Бергер.

Откако ја напушти улогата на тимски колега на Верстапен по сезоната во 2018, Формула 1 кариерата на Австралиецот Рикардо почна да паѓа прво во Рено, а потоа и во Мекларен.

Но, откако го загуби своето тркачко место на крајот на минатата година, Ред Бул ја спаси неговата кариера потпишувајќи го сега 33 годишникот како официјален резервен возач за 2023 година.

Тој ќе го вози доминантниот болид за 2023 година за прв пат на тестот на гумите на Пирели по Британското ГП следниот месец.

По Силверстон, три дена ќе го имаме Рикардо во болидот на тестот на гумите што го организира Пирели – потврди д-р Хелмут Марко од Ред Бул.

Тогаш можеме да оцениме каде навистина стои Рикиардо.

Тајмингот не може да биде подобар за 8 кратниот победник на Гранд При трки, бидејќи обидот на Серхио Перез да го предизвика тимскиот колега Верстапен за титулата кај возачите во 2023 година оди надолу со очигледен пад на перформансите.

Веќе видовме дека желбата да се бори за титулата со Макс е бескорисна – рече Бергер.

Но, исто така треба да се каже дека никој не изгледаше многу добро во споредба со Макс.

И така, Бергер беше прашан за гласините дека Марко може да го смести Рикардо како алтернативен тимски колега за Верстапен за 2024 година.

Даниел има големо искуство. Се разбира, Ред Бул всушност се залага за промоција на млади возачи, поради што го ставија Макс во болид кога имаше само 17 години.

Но, од друга страна, треба да се каже дека Даниел би бил сигурен облог – додаде тој.

Меѓутоа, кога Рикардо беше поврзан со тимот на Хаас кон крајот на 2022 година, тимскиот шеф Гунтер Стаинер призна дека бил нервозен поради мистериозниот пад на Рикардо на Мекларен.

До денешен ден, никој навистина не разбра зошто тој се претстави толку лошо во Мекларен минатата година – рече Бергер.

Но, сега тој има шанса повторно да се докаже во Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ