Бергер: Хамилтон е помеѓу Сена и Прост

Гермард Бергер верува дека пристапот на Луис Хамилтон го става некаде на средина помешу легендите Аиртон Сена и Алан Прост, најмногу поради начинот на кој го користи своето искуство.

Британецот за малку пропушти да го освои ланскиот наслов кој ќе го донесеше на врвот со рекордни 8 титули, откако 7та ја освои на крајот од 2020 година и со тоа застана рамо до рамо со Михаел Шумахер. 37-годишникот има договор со Мерцедес до крајот на 2023 година и сака да стане рекордер по бројот на титули откако веќе има рекордни 103 пол позиции и рекордни 103 победи во карирата.

Во пресрет на оваа сезона, Луис најави дека ќе биде многу поафресивен по истоштувачките битки кои ги имаше лани против Макс Верстапен.

не знам дали тој најави дека ќе биде агресивен како макс и мислам дека тоа нема да биде вистинска насока за него. за мене беше многу паметен начинот на кој тој му даваше простор на макс и избегнуваше судар, но му враќаше на друг начин. со оглед на сето искуство кое луис го има, тој е многу смирен и секогаш ги користи своите шанси и освен на силверстон, секаде беше совршен – посочи австриецот бергер.

Шефот на ДТМ уживал во одличниот однос кој го имал свевремено со Аиртон Сена во текот на нивното заедночко време во Мекларен, а потоа дел од кариерата мина и крај најголемиот ривал на Сена, Алан Прост и поради тоа може да направи споредба помешу нив.

хамилтон е некаде помеѓу сена и прост, но на крајот на денот, за мене, по 45 години колку што сум во спортот, луис и сена се најдобрите кои сум ги видел. но, сепак, сена е број еден поради шармот и личноста која ја поседуваше и која беше на друго ниво. од спортска страна, мислам дека луис е колку аиртон.

Бергер смета дека Верстапен морало д биде агресивен во борбата против Хамилтон за титула затоа што Мерцедес имале посилен болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ