Берни го пофали несопирливиот Верстапен

Макс Верстаепен освои две последователни возачки титули годинав и лани, а Берни Еклстон, поранешниот шеф на портот, го пофали фантастичниот холнѓанец.

Господин Е смета дека Макс и Ред Бул ќе продолжат да победуват на трки и да освојуваат титули се додека се поддржуваат едни со други.

Верстапен драматично го победи Хамилтон во борбата за титула во последниот круг од ланското финале на сезоната во Абу Даби, но годинава доминираше во неверојатен стил и буквално не грешеше.

макс не се шегува, не си игра, тој дојде во формула 1 да победува на трки и да освојува титули и токму тоа го прави. ништо не може да со сопре во тоа што сака да го направи, а дали ќе продолжи со титули и понатаму зависи од неговата екипа и нејзиниот напредок.

сите возачи кои сакаат титула мора во голема мера да се потпрат на екипата и ако немаат поддршка од тимот не може да успеат. ако макс успее да работи со ред бул како до сега и се поддржуваат едни со други, ништо не може да ги спречи да доминираат.

во моментов таму се е одлично и не гледам причиа зошто да не остане така – посочи берни.

Со подобрување на рекордот по број на победи во текот на оваа сезона на вкупно 14, Макс постави нов неверојатен рекорд годинава, а Еклстон смета дека холанѓанецот има голема шанса дополнително да го подобри тој рекорд на останатите две трки.

нема причина зошто да не победи и на последните две трки исто како што доминираше и претходно. се надевам дека ќе го подобри рекордот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ