Берни го препорачува Бриаторе во Ферари

Берни Еклстон смета дека Флавио Бриаторе треба да биде шеф на Ферари и тимот да почне да носи луѓе кои не се само од Италија. 

Поранешниот шеф на Формула 1 смета дека Скудерија била многу поуспешна кога имала челници кои се од целиот свет и верува дека Бриаторе е човекот кој би можел да го врати Ферари на врвот. 

Секогаш сум имал посебно чувство за Ферари и сум си викал дека сум супер фан на Ферари. Во моментов мислам дека кога имаа персонал од различни националности, беа далеку подобри отколку кога се раководени само од италијанци.

Не дека имам проблем со италијанците, но Мислам дека е потребна различност за да се подобри. Потребен е еден човек на чело кој нема да му влијае никој и тоа не е лесно. Затоа не му е лесно на Биното – посочи господин е.

Бриаторе ја напушти Формула 1 по скандалот со намерното излетување на Нелсон Пике Јуниор за Фернандо Алонсо да победи во Сингапур во 2008 година за Рено. Тој доби забрана од ФИА за работа во било кој спорт предводен оф ФИА, но одлуката беше променета во 2010 година. 

Флавио е фантастичен. ТОј е одличен, може да ги украде луѓето од другите тимови и не му е гајле за националноста. Ферари можеа да го имаат Флавио уште пред неколку години. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ