Берни откри како ги натерал Мерцедес да го донесат Хамилтон

Поранешниот прв човек на на Формула 1, Берни Еклстон, откри како ги охрабтил Мерцедес да потпишат со Луис Хамилтон во 2012 година.

Кога црномурестиот брианец откри дека размислува да го напушти Мекларен и да мине во фабричкиот тим на “сребрените стрели“, во тоа време падокот гледаше на тој трансфер како на чуден потег затоа што Мекларен беше конкурентен и напаѓаше за титула, додека Мерцедес тукушто го донесоа својот фабрички тим на гридот купувајќи го Браун.

На крајот, Луис бил убеден од сега починатиот Ники Лауда да дојде во Бракли, но имало несогласување околу парите што можело да го расипе целиот трансфер. За да помогне во целата работа, Берни во свое интервју за документарецот Lucky! на Дискавери откри дека се понудил да плаќа дел од платата на Хамилтон во новиот тим.

Во својата кариера, Еклстон има често соработувано со Ники Лауда и се договориле да го забрзаат трансферот и дека тој ќе помогне парично доколку Мерцедес не сакаат да ја покријат целата плата на возачот.

ники сфати колку вреден возач е луис и најде начин да го убеди да дојде во мерцедес. но, ако хамилтон не ја добиеше платата која ја сакаше, немаше да се трка за нив. јас знаев дека е некој кој на мерцедес им треба и поради тоа јас ќе ја платам разликата, но на крајот двете страни се договорија – откри господин е.

Изборот на Луис се покажа како ремек дело затоа што освои шест титули со “сребрените“.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ