Биното верува во победи на Ферари на последните 10 трки

Тимскиот шеф на Скудерија Ферари, Матиа Биното, најави дека тимот многу научил од Француското Гранд При и може да победат на наредните 10 трки.

Ферари донесе надградби во Франција со кои се чинеше дека се подобри од Ред Бул, но сепак, Леклер излета од патеката додека водеше и не стигна до победата. Неговиот шеф изјави дека сеуште не е готово. 

На крајот од сезоната ќе видиме кои сме, но важно е денеска да покажеме дека имаме добар пакет и може да победиме на наредните 10 трки до крајот. Мислам дека тоа е доста позитивно и оптимистички. Не сметам дека нешто ќе се промени кај Макс и Ред Бул и остануваме фокусирани на себе. 

На Шарл му кажав дека работите се комплицирани, но не се неможни. Мора да останеме фокусирани на секоја трка и мислам дека имаме потенцијал. Нема причина зошто да не победиме на наредните 10 трки. Имаме потенцијал. Возачите се одлични. 

Ферари замина од Франција само со 5то место на Саинз што беше доста критикувано од познавачите бидејќи Ферари доцна реши да го викне во боксот. Иако стартуваше од крајот на гридот поради промената на моторот, тоа што се борел за подиум е охрабрувачки за Бинотот. 

Имаше доста добар викенд и Болидот се покажа како доста конкурентен. Мислам дека трката на Карлос го покажа тоа. Шарл беше на пол и беше водечки. Мислам дека можевме да ја продолжиме серијата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ