Биното го сподели најтешкиот момент од кариерата во Ферари

Матиа Биното даде последно интервју за официјалната веб страница на Формула 1 пред да ги напушти Скудерија Ферари и да ја предаде улогата на тимски шеф во рацете на Фредерик Васур.

По повод пензионирањето на Себастијан Фетел, Формула 1 побара од италијанскиот менаџер да се наврати на годините поминати заедно со германскиот возач во Маранело.

Себастијан Фетел се приклучи на Скудерија Ферари од Ред Бул на почетокот на сезоната во Формула 1 во 2015 година, по четири последователни светски титули освоени со Ред Бул, а преселбата во Маранело беше со јасна цел, враќање на Ферари на победничките патеки. Покрај неколку победи на трки и обид да ја освојат титулата во две сезони (2017 и 2018 година), тие на крајот не успеаја.

Прво, Себастијан е одличен, одличен возач и мислам дека тоа не го кажувам јас, тоа е навистина она што тој го постигна, тоа е фантастично, извонредно, неверојатно.

Како Ферари, имавме среќа да го имаме како дел од тимот и беа шест важни години. Тој донесе многу како возач, но повеќе од тоа, мислам дека донесе многу како личност, а секој фан на Ферари сè уште го сака Себастијан.

Мислам дека е факт, бидејќи секој фан сè уште го сака Ферари, мислам дека ние во Ферари, сите луѓе во Ферари, сè уште го сакаат него и тоа е начинот на кој се чувствуваме. Тие беа неверојатни години – објасни поранешниот шеф на Ферари.

Биното потоа се фокусираше на тешкиот момент во кој тимот од Маранело избра да не продолжи со Себастијан:

Тешко ми беше при крај, некако да му објавам дека нема да продолжиме со соработката. Тоа можеби беше најтешката одлука што сум ја донел во текот на мојата кариера. Кога сакате таква личност и навистина уживате да работите со него, секогаш е тешко да се дојде до крајот.

Мислам дека тоа беше важен момент и за мојата кариера, бидејќи од тоа, преку тешкотии стануваш посилен. Но, тоа е оној момент што ќе го паметам како најтежок.

Во однос на спортските резултати што ги постигна дуото Скудерија Ферари и Себастијан Фетел за време на нивното време заедно, Матиа Биното смета дека германскиот возач не е единствениот одговорен што тимот од Маранело не можел да го обезбеди долгоочекуваниот светски шампионат:

Кога дојде во Ферари, тој беше амбициозен, неговата цел беше да ја освои титулата со Ферари, а мислам дека заедно со него, тоа беше и наш сон и наша цел.

Тоа беше неуспех за него, но беше неуспех за сите заедно како тим. Тој беше многу блиску во 2017 и 2018 година, па имавме неколку можности.

Не го добивме тоа што го сакавме и мислам дека кога твојата конечна цел нема да ја постигнеш, тоа е неуспех.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ