Биното го спореди Леклер со Жил Вилнев

Шефот на Ферари, Матиа Биното, изјави дека Шарл Леклер е доста сличен со легендата на Ферари, канаѓанецот Жил Вилнев. 

Животот на Вилнев заврши трагично на патеката Золдер во 1982 година откако во својата кариера победи шест пати со Ферари. Оваа година Биното гледа паралела помеѓу Вилнев и Леклер кој расте со Ферари уште од Академијата. 

Кога го гледам Шарл и тоа како вози, со која страст, сфаќам зошто го сакаат фановите. Ние тоа го викаме “essere Ferrari“ и сакаме да ја зголемиме моќта на коњчето. Има малку возачи кои се способни за тоа и мислам дека Шарл е доста сличен со Жил.

Жил беше фантастичен и победи на шест трки за тимот. Тој има посебна страст – се присетува биното.

Леклер имаше шанса да го проба болидот на Вилнев од 1979 година на 40-годишнината од загинувањето на канаѓанецот. 

Во изминатите 40 години работите многу се променија. Болидите биле поопасни од сега – изјави тогаш шарл.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ