Биното: Да не беше Перез, Саинз ќе нападнеше за победа

Карлос Саинз бил во позиција да победи во Бразил, откако се најде на патеката со понови гуми за време на доцниот безбедносен автомобил, откри тимскиот шеф на Ферари.

Но сепак, Матиа Биното верува дека ќе му било тешко на Карлос Саинз да ги помине Луис Хамилтон и Џорџ Расел на крајот од Големата Награда на Бразил. Тимот ја искористи предноста на доцниот безбедносен автомобил за да го внесе Саинз во боксот за комплет користени софт гуми, што го смести зад Серхио Перез при рестартот.

Со оглед на тоа што Перез беше на медиум кои беа неколку круга постари, тој беше многу побавен при рестартот и резултираше со пад од трето на седмо место во финишот. Иако на Саинз му требаа само три круга за да го помине, тој на крајот не можеше да го следи темпото на Мерцедес откако ги искористи гумите за да го помине Перез.

Биното верува дека иако Саинз можел да биде во борбата за победа, ќе било потешко да ги претекне двата болида на Мерцедес на помалку од 10 кругови до крајот.

Мислам дека Мерцедес беа многу брзи и секако Карлос можеше да биде во борбата. Беше тешко да се престигне Перез, но ќе беше уште потешко да се престигне Мерцедес. Ако го немаше Перез пред себе тој ќе беше поблиску, ќе бевме во борбата за победа.

Биното рече дека не е изненадување што Мерцедес победиле затоа што биле во потрага по победа во последните неколку трки, со оглед на нивната неодамнешна форма.

Откако Мерцедес открија дека изборот на пневматиците направени недели однапред ги принудил да избираат неповолни стратегии, Биното смета дека доколку ги направиле вистинските избори, можеле да победат во Остин или во Мексико.

Не е изненадувачки затоа што ако ги погледнам последните трки, можеби со поинаков избор на гуми тие веќе ќе победеа на трка. Мислам дека едноставно не победија затоа што го не го направија вистинскиот избор на гуми.

Тие беа најбрзите болиди на трката или на последните неколку трки и тоа не беше изненадување кога дојдовме во Бразил. Тие донесоа нов аеродинамички пакет во Остин кој функционираше доста добро и тие го искористија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ