Биното демантира дека ќе тестираат нови делови на денот за снимање

Матиа Биното демантираше дека Скудерија Ферари ќе тестира нови делови на својот ден за снимање кој треба да го одработат денеска на Силверстон.

Помеѓу двете трки на легендарниот автодром, Британското Гранд При и Јубилејното по повод 70-годишнината на спортот, италијанцие одбраа да снимаат на Силверстон. Запрашан дали Скудерија ќе го користи тестот ограничен на 100 километри да проба некои новини, Биното демантираше:

денот ќе биде користен за наши комерцијални потреби. оваквите денови имаат многу ограничени километри кои треба да се искористат за снимање. за претстоната трка се работи во маранело, во фабриката и во симулаторот – најави матиа.

Новинарите од германски RTL притиснаа со своето тврдење дека на Силверстон ќе се тестираат нови делови, но Биното повторно демантираше:

не е точно. единствена цел на денот е снимањето и нема да имаме никакви нови делови кои ќе се пробаат на болидопт.

знаеме точно што треба да подобриме и токму на тоа работиме напорно вомаранело, иако сме свесни дека правилата кои беа подесени во пресрет на сезоната не ни одат во прилог.

моторот е замрзнат и не смее да се подобрува сезонава така што можеме да работиме само на неговите модови односно начинот на кој се користи истиот, не на хардверот.

во врска со аеродинамиката ограничени сме во однос на времето кое смееме да го поминеме во воздушниот тунел, а луѓето кои работат на таа проблематика имаат јасна цел. ќе ги видиме резултатите наскоро – очекува швајцарскиот инженер.

Главниот извршен директор на Ферари, Луи Камилиери прзна:

оваа сезона е многу тешка затоа што конкурентите ни се многу силни и мораме да го признаеме тоа и да им честитаме.

во нашата екипа се работи дење и ноќе, без престан, имаме силни таленти на кои им веруваме, но ќе треба време, а нашата амбиција е секогаш иста.

следната година треба да е подобра затоа што ќе имаме целосен календар.

уште во мај очекувавме дека резултатите сезонава ќе бидат слаби, тешки времиња сме, но ќе бидеме посилни – најави камилиери за La Repubblica.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ