Биното за враќањето на Тод во Ферари: Чисти шпекулации

Шефот на Ферари, швајцарскиот инженер Матиа Биното, откри дека шпекулациите кои велат дека актуелниот Претседател на ФИА, Жан Тод, по крајот на својот мандат ќе се врати во Ферари, се чисти шпекулации.

На почетокот на неделава, италијански Corriere della Sera напиша дека Тод може да се врати во Маранело како супер советник, слична позиција како онаа која ја имаше Ники Лауда во Мерцедес. Весникот напиша дека французинот веќе имал состаноци со Претеседателот на Ферари, Џон Елкан, за негово можно враќање во спортот.

Иако Биното ги демантираше тие тврдења како шпекулации, призна дека би му било чест повторно во иднина да работи со Тод.

и јас ги чув и ги прочитав тие шпекулации, но можам да кажам дека за сега тоа се само шпекулации. лично јас имам работено со жан тод, тој ми беше шеф и навистина многу научив од него. ми беше чест даработам со него и што и да се случи во иднина, повторно би ми било чест да работиме заедно затоа што сметам дека од него може многу да се научи – вели биното.

Запрашан дали тимот имал разговори за актуелниот шеф на ФИА а во врска со негов ангажман во тимот во иднина, Биното кусо демантираше.

75-годишниот французин го одработува својот втор и последем мандат како Претседател на ФИА, а избор за негов наследник ќе се случи следната недела. Тој стана шеф на Фераари во 1993 година, а под негово раководење екипата освои вкупно 14 титули во еден од најсупеѓните периоди во историјата на спортот. Тод беше шеф на екипата додека доминираше Михаел Шумахер и победи 72 пати со црвениот болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ